Македонија Денеска претежно сончево, со температура до 23 степени

Денеска претежно сончево, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 22 Целзиусови степени.