Македонија Денеска претежно сончево, со температура до 16 степени

Денеска претежно сончево, со температура до 16 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во одделени котлини, во утринските часови има појава на магла.

Утринската температура се движи од -5 до 3 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје во текот на денот се очекува слично време, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 10 Целзиусови степени.