Македонија Денеска претежно облачно, со повремен дожд и со температура до 23 степени

Денеска претежно облачно, со повремен дожд и со температура до 23 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 6 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 20 Целзиусови степени.