Македонија Денеска посвежо и ветровито време

Денеска посвежо и ветровито време

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот на крајниот исток на земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Утринската температура се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и ветровито, со мала до умерена облачност. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 26 Целзиусови степени.