Економија Денеска почнува „Финекспо“

Денеска почнува „Финекспо“

Во организација на Скопски саем, а под покровителство на Министерството за финансии, денеска ќе почне дванаесеттиот по ред „Финекспо“.

На првиот ден ќе се одржи тркалезна маса „Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“, на која се очекува да се обратат вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Присутни ќе бидат и претставници од стопанските комори, бизнис-заедницата, генералните директори на банките и на осигурителните компании.