Македонија Денеска од боја ќе се чисти Порта „Македонија“

Денеска од боја ќе се чисти Порта „Македонија“

Денеска претпладне ќе се чисти фасадата на Порта „Македонија“, најавија преку соопштение од Музејот на македонската борба.

– По неколкунеделното вандализирање на објектот, констатирани се сериозни оштетувања на фасадата, кои стручни служби ќе се обидат да ги санираат  – пишува во соопштението.

Чистење на другите споменици вчера најавија и од Градот Скопје. Оттаму информираа дека ќе ги чистат спомениците кои се во нивна надлежност и се наоѓаат во паркот Жена-борец.