Македонија Денеска облачно со врнежи од дожд

Денеска облачно со врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, со врнежи од дожд, а ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во западните и во источните делови од земјата, а на планините ќе има повремени слаби врнежи од снег.

Утринската температура се движи од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со врнежи од дожд. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 10 Целзиусови степени.