Македонија Денеска облачно, со температура до 25 степени

Денеска облачно, со температура до 25 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со локален краткотраен дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со краткотраен дожд во попладневните часови. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 20 Целзиусови степени.