Македонија Денеска облачно, со повремен дожд и со температура до 13 степени

Денеска облачно, со повремен дожд и со температура до 13 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните часови, а на планините, во западните делови од земјата, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 5 до 8 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Максималната дневна темепратура во главниот град ќе достигне до 9 Целзиусови степени.