Македонија Денеска нова средба на работните групи и надеж за договор

Денеска нова средба на работните групи и надеж за договор

Договор меѓу политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, според најавите од учесниците во работните групи, би требало да има денеска, на средбата која ќе почне во 15 часот, во Клубот на пратениците во Скопје.

Прашањето за избирачкиот список, како што дознава „Мета“ е речиси договорено, а се уште има мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората.

Граѓанската организација МОСТ вчера беше повикана на средбата на работните групи за да направи презентација на можноста за активна регистрација на гласачите.

– Бевме само повикани да ги презентираме нашите ставови околу активната регистрација. Нашата улога е консултативна. Кога завршивме со презентацијата, ја напуштивме средбата – изјави Дарко Алексовски, претседател на МОСТ.

Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА – Имер Алиу и Беким Фазлиу.