Економија Денеска ќе се повлечат првите вработени кои се роднини на припадници на...

Денеска ќе се повлечат првите вработени кои се роднини на припадници на СДСМ

Денеска ќе се случат првите повлекувања на вработените за кои јавноста оцени дека станува збор за непотизам, и се блиски на партиски припадници на СДСМ, одговори министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски на новинарско прашање во врска со овој вид вработувања.

Тој не кажа, конкретно кои се имињата кои ќе се повлечат.

– Главната реформа е што воведуваме Закон за висока раководна служба која ќе треба да има за цел, деполитизација на институциите. Главната изборна комисија ќе биде составена освен од членови од инститциите, и од надвор. Законското решение ќе биде претставено до крај на февруари. Со него ќе се воведе и бројач на ограничени вработувања на одредено време – рече Манчевски.