Македонија Денеска почнува манифестацијата „Денови на доживотно учење“

Денеска почнува манифестацијата „Денови на доживотно учење“

Денеска во Скопје ќе биде отворена 11. манифестација „Денови на доживотно учење“, чија цел е да се промовира доживотното учење и да се подигне свеста во општеството за неговата важност.

Во рамки на манифестацијата, планирано е  да се одржат серија настани во Скопје, Битола, Неготино, Струмица и во Тетово.

На отворањето најавено е присуство на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Организатори на манифестацијата се Центарот за доживотно учење и Центарот за образование на возрасни.