Македонија Денеска истекува последниот рок за одложување на изборите

Денеска истекува последниот рок за одложување на изборите

Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не попуштаат од своите ставови околу датумот за изборите.

Иако денеска е последен ден за да се донесе одлука со која ќе се одложи одлуката за распуштање на Собранието, засега во парламентот не е поднесена иницијтива за одложување.

Од СДСМ велат дека тие немаат намера да поднесат предлог-одлука за одложуваање на изборите и според нив тоа треба да го направи партијата што ја побарала и ја изгласала одлуката за Собранието да се распушти на 24 април. Ова на вчерашаната прес-конференција го потврди и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, вчера во интервју на телевизијата „Сител“ рече дека засега одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е да се оди на избори.

Од ДУИ неофицијално велат дека досега не поднеле иницијатива, но не ја исклучуваат можноста за тоа. Велат дека засега ситуацијата е статус кво и дека ќе чекаат да видат дали лидерите ќе постигнат некаков договор.

Тројцата европратеници, Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои вчера пристигнаа во земјава, денеска на средби со лидерите на политичките партии ќе се обидат да ги доближат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за датумот за изборите.

Според досегашните информации, европратениците ќе се сретнат со СДСМ попладне, а за средбата со владејачката партија сè уште не се знае терминот.

Европратениците нема да имаат заедничка прес-конференција.