Македонија Денеска и утре полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот

Денеска и утре полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот

На вчерашната владина седница, донесена е одлуката за скратување на полицискиот час за време на викенд. Денеска и утре граѓаните ќе може да се движат во периодот од 5 до 19 часот.

Според одлуката, во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 5 до 12 часот.

Сите други мерки за заштита од корона вирусот донесени од Владата остануваат на сила.