Македонија Денеска 168 нови случаи на ковид-19, бројот на активни случаи падна под...

Денеска 168 нови случаи на ковид-19, бројот на активни случаи падна под 6.000

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.707.