Свет Балкан Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Тито

Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Тито

На денешен ден пред 35 години, во Љубљана почина претседателот на некогашна СФРЈ и на Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито.

Тито бил лидер на југословенските партизани во Втората светска војна и лидер на Комунистичката партија на Југославија. На чело на Југославија бил од 1945 година, па сè до смртта на 4 мај 1980 година. Тој ја извел земјата од советскиот блок и бил еден од лидерите на Движењето на неврзаните земји.

Погребан е во Куќата на цвеќето во Белград, а на неговиот погреб присуствувале повеќе од 200 делегации од цел свет, претседатели, премиери, кралеви, владари и партиски лидери од 107 земји. Меѓу нив биле и Индира Ганди, Маргарет Тачер, Леонид Брежњев и многу други.