Македонија Ден на борба против корупцијата

Ден на борба против корупцијата

Настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска ќе организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
Настанот ќе почне во 11 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
За време на настанот, голем број градоначалници ќе потпишат документи за антикорупциски политики, со што ќе се покажат заложбите за зајакнување на интегритетот на локално ниво.