Свет Демонтирана бомба кај амбасадата на САД во Манила

Демонтирана бомба кај амбасадата на САД во Манила

Филипинската полиција деактивираше бомба од рачна изработка пронајдена во канта за ѓубре на 200 метри од амбасадата на САД во Манила, јавуваат филипинските власти.

Шефот на полицијата во главниот град на Филипини изјави дека направата ја пронашол чистач и дека се состоела од мобилен телефон, детонатор, батерија од девет волти и од проектил од 81 милиметар.

– Најверојатно намерата била со далечински управувач да се активира направата зошто имала мобилен телефон и детонатор – изјави шефот на полицијата, Оскар Албајалд, и додаде дека во тек е истрага и дека бил испратен тим да ја деактивира направата.

Тој рече дека се испрашуваат потенцијални сведоци и дека се собираат снимките од камерите за видеонадзор што го покриват тој дел од градот.