Свет Европа Демонстрации во Берлин за легализација на марихуаната

Демонстрации во Берлин за легализација на марихуаната

Повеќе од четири илјади луѓе маршираа вчера по улиците на Берлин, барајќи легализација на марихуаната.

Под мотото „Легализацијата е во воздухот“ учесниците во демонстрациите се собраа пред главната железничка станица во Берлин, а маршот заврши пред Градското собрание.

Тие бараат од Владата да одобри употреба на марихуана во медицински цели и кривично да не се гонат нејзините корисници.

Користењето марихуана во Германија не е дозволено, иако полицијата толерира поседување помали количини.