Свет Демонстрантите ја нападнаа зградата на владата во Чилпансинго во Мексико

Демонстрантите ја нападнаа зградата на владата во Чилпансинго во Мексико

Демонстрантите ја обвинуваат Владата за вмешаност и увиство на 43 студенти во градот Игуала во септември

Стотина демонстранти во мексичката држава Гереро ја нападна зградата на владата во главниот град Чилпансинго, палејќи притоа автомобили по улиците.

Демонстрантите ја обвинуваат владата за вмешаност и убиство на 43 студенти во градот Игуала во септември.

Протестите следат по изјавите на државниот обвинител Хесис Муриљо Карам дека членовите на бандата Герерос унидос ги признале убиствата на студентите.

Тој додаде дека криминалците ги убиле студентите по налог на полицијата. Јавниот обвинител изјавил дека тројца членови на криминалната банда тврдат дека студентите им ги предала полицијата.

Тие навеле дека некои од студентите веќе биле задушени, додека други биле стрелани пред да бидат запалени нивните тела. Исчезнатите студенти отпатувале за да протестираат поради дискриминаторските практики при вработувањата, но и, како што соопштиле, да соберат пари за нивниот колеџ. Набргу по недоразбирањата со полицијата, тие исчезнаа.