Дописници Демографијата на Балканот, тема на конференција во Охрид

Демографијата на Балканот, тема на конференција во Охрид

Петтата меѓународна тематска конференција за демографија, „Населението на Балканот на прагот на 21 век“, ќе почне утре и ќе трае до 24 октомври во хотел „Метропол“, во организација на Економски институт од Скопје и на асоцијацијата „Демобалк“.

Оваа конференција има цел да ја процени демографската ситуација на Балканот на почетокот на 21 век и да привлече внимание на главните демографски трендови и на нивните потенцијални ефекти на среден и на долг рок.