Македонија Делницата од Подмоље до Охрид отворена за сообраќај за сите возила

Делницата од Подмоље до Охрид отворена за сообраќај за сите возила

Делницата Подмоље - Охрид како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид

Фото: Министерство за транспорт и врски

Согласно времениот режим, од денес делницата од Подмоље до Охрид ќе биде отворена за сообраќај, а со тоа граѓаните и туристите повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид на реконструираната делница.

Делницата Подмоље – Охрид како дел од автопатската делница Кичево -Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да биде пуштена до 10 јули.