Главна секција Делегацијата на ЕУ по гласањето во Собранието: Партиите да го поддржат СЈО

Делегацијата на ЕУ по гласањето во Собранието: Партиите да го поддржат СЈО

Откако владејачкото мнозинство во Собранието ги одби предлозите за измени на Законот за СЈО, во делот за продолжување на рокот за истрагата, како и измените на Законот за заштитени сведоци, Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да се придржуваат до договорот и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино. Сите партии повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО. ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста“, соопштија од Делгацијата на ЕУ во Скопје.