Македонија Делегација на СДСМ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на СДСМ положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод годишнината од неговото раѓање.

Во делегацијата, освен заменик-претседателот на партијата, Радмила Шекеринска, и потпретседателот Дамјан Манчевски, присуствуваа и владините функционери од СДСМ, Оливер Спасовски, Кире Наумов, Александар Кирацовски и Љупчо Николовски.

– Одаваме почит на Гоце Делчев, кој го даде животот за самостојна Република Македонија. Неговото дело не смее да биде заборавено – рече Заев.