Свет Балкан Дејселблум: Без реформи, нема пари за Грција

Дејселблум: Без реформи, нема пари за Грција

Грција нема да добие дополнителна парична помош доколку не работи на спроведување на економските реформи, соопшти денеска холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогупата, Јерун Дејселблум.

Официјална Атина минатата недела почна преговори со меѓународните кредитори во Брисел за да постигне нов договор за пакетот реформи, но и за деблокирање на средставта од финансиската помош. Ваквиот чекор беше оценет како обид на Атина да добие време.

Дејселблум ваквиот чекор на Атина го оцени како безуспешен, додавајќи дека количеството пари наменети за Грција се намалува од ден на ден.