Дописници Дебарчанец, со 50 евра, сакал да поткупи државни службеници

Дебарчанец, со 50 евра, сакал да поткупи државни службеници

Дебарчанецот М.Х. (39) заработи кривична пријава од полициската станица од Дебар, поради постоење основи за сомневање дека дал поткуп.

Пријавениот, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра, при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со пченка, луцерка и со граор, за кои пријавениот до Агенцијата имал поднесено барање за субвенционирање.

М.Х. знејќи дека има разлика помеѓу посеаните земјоделски површини наведени во негово барање за (46.967 квадратни метри) и фактички посеаните земјоделски површини (37.034 квадратни метри), на службените лица од Агенцијата им дал 50 евра со напомена дека сака да ги почасти ручек, а контролата да биде во ред.