Свет Де Сoза победи на претседателските избори во Португалија

Де Сoза победи на претседателските избори во Португалија

Кандидатот на десно-центристичкиот блок Марсело Рeбело де Соза, освои убедлива победа на вчерашните претседателски избори во Португалија. Тој во првиот круг доби повеќе од половина од гласовите во трката против девет противници.

Со 98 отсто од преброените гласови, Де Сoза (67), долгогодишен политичар и професор по право, освоил 52,4 отсто од гласовите и со тоа и претседателската позиција, која во Португалија има церемонијална функција. Сепак, според Уставот на земјата, тој може да го распушти парламентот во време на политичка криза.

Де Соза ќе ја преземе должноста во март и ќе го замени сегашниот претседател Анибал Каваки Силва (76), кој го завршува својот втор петгодишен мандат, колку што е дозволено според Уставот на земјата.