Свет Балкан Давутоглу: Турција и ЕУ потпишаа многу важен договор, денеска е историски ден

Давутоглу: Турција и ЕУ потпишаа многу важен договор, денеска е историски ден

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потврди дека лидерите на Европската Унија и Турција постигнале согласност за договор за ублажување на мигрантската криза.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денешниот ден го оцени како историски.

– Денеска е историски ден, бидејќи Турција и ЕУ постигнаа многу важен договор. Свесни сме дека Турција и ЕУ ја делат истата судбина, истите предизвици и истата иднина – изјавил Давутоглу по самитот на ЕУ со Турција во Брисел.

Според договорот, кој предвидува и финансиска помош за Турција, Анкара ќе ги прими назад сите бегалци што ќе бидат одбиени за азил, а за возврат ЕУ ќе преземе дел од сириските бегалци од Турција.