Свет Балкан Давутоглу: Постои можност за решавање на кипарското прашање

Давутоглу: Постои можност за решавање на кипарското прашање

Турција и Грција имаат можност да придонесат за наоѓање решение за Кипар, изјави турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, притоа изразувајќи уверување дека Атина ќе ги поддржи напорите на Турција за членство во ЕУ.

– Сега постои можност да се дојде до решение за кипарското прашање. Преговорите траат. Имаме заеднични пристап на позитивен начин да придонесеме кон преговорите – рече Давутоглу на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој е во посета на Турција.

Ципрас рече дека двете земји мораат да ја интензивираат соработката во борбата против трговците со луѓе, кои од Блискиот Исток се обидуваат да стигнат до Европа преку турските и грчките острови.