Свет Балкан Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада

Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако пропаднаа преговорите за формирање на коалиција.

Четирите партии, Партијата на правдата и развојот, Републиканската народна партија, Националната народна партија и Народна демократска партија се обидуваа да постигнат коалициски договор.

Рокот за формирање на влада истекува на 23 август.