Свет Европа Данска ќе испрати војска на границата со Германија

Данска ќе испрати војска на границата со Германија

Данскиот министер за правда, Сорен Пинд, денеска соопшти дека во јуни на границата на Германија ќе биде испратена војска.

Војската, како што рече Пинд, ќе ја замени полицијата, која досега го контролираше бранот мигранти од Блискиот Исток и од Африка.

Официјален Копенхаген на 12 јануари воведе привремена контрола на границата со Германија. И двете земји се членки на Шенгенскиот договор.

Според планот на данските власти, 140 војници во јуни ќе заменат 165 полицајци на данско-германската граница.