Свет Европа Данска ја задржува контролата на границата со Германија

Данска ја задржува контролата на границата со Германија

Данската влада одлучи да ја продолжи контролата на границата со Германија за уште 20 дена, до 23 февруари, соопшти Ингер Стојберг, министерка за имиграција и за интеграција.

Стојберг во парламентот изјави дека постои можност во Данска да пристигнат голем број мигранти и бегалци.

Според нејзина процена, Шведска би требало да воведе контрола на својата граница.