Свет Европа Данска фирма воведе шестчасовен работен ден

Данска фирма воведе шестчасовен работен ден

Малата фирма за преводи „Транслејтед бај ас“ (Translated by us) од Данска вовела шестчасовен работен ден, односно 30-часовна работна недела за своите вработени, пренесуваат данските медиуми.

Мадс Блухер, сопственикот на фирмата која има само четворица вработени, но е во процес на ширење, истакнува дека не станува збор за „хипи експеримент“ туку за доста добро промислена одлука. Според него, со шестчасовен работен ден се добива зголемена продуктивност и поефикасно раководење со фирмата.

Тоа, како што пренесуваат медиумите, го потврдил и еден од вработените, кој констатирал дека сега успева да постигне да контактира со поголем број клиенти, но и дека е генерално подобро расположен во комуникацијата со нив.