Главна секција Данела Арсовска: Ќе бидам градоначалничка на сите граѓани подеднакво

Данела Арсовска: Ќе бидам градоначалничка на сите граѓани подеднакво

Фото: Изборен штаб на Данела Арсовска

Независната кандидатка Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција изјави дека според последните податоци од Државната изборна комисија, таа е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа и таа влегува во вториот круг.

„Ниту сум политичар, ниту планирам да се занимавам со политика“, рече Арсовска во своето и нафласи дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани подеднакво.

Таа им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката како и на Алијанса за Албанците, Алтернатива, на невладините организации и граѓаните на Скопје.

„Ги повикувам сите скопјани да ме поддржат како што ме поддржаа во овој круг… Од прв ден кажав дека немам намера да се занимавам со политика. Ме поддржаа околу 20 политички субјекти, но и граѓански движења и невладини организации. Но, пред сè, сите што ме поддржаа се Скопјани и за мене најважна е поддршката од Скопјани. Кажав дека ќе бидам градоначалник на сите нив и кажав дека не сум политичар, ниту ќе бидам политичар“, рече Арсовска.