Економија Дали струјата ќе поскапи, ќе се знае денеска

Дали струјата ќе поскапи, ќе се знае денеска

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на електричната енергијa што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули.

Стручните служби ги разгледаа поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ја донеле и одлуката.

Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторната комисија со кои се бара зголемување на цената на струјата и за 10 проценти.