Свет Европа Дајселблум: Еврозоната и банките денеска се подобри отколку пред пет години

Дајселблум: Еврозоната и банките денеска се подобри отколку пред пет години

Шефот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, денеска изјави дека еврозоната и нејзните банки се во значително подобра состојба од пред пет години, ублажувајќи ја така загриженоста што ги вознемири глобалните пазари.

– Верувам дека земјите во еврозоната, структурално гледано, се во далеку подобра состојба отколку пред пет години. Истото важи и за нашите банки – изјави Дајселблум пред почетокот на состанокот на министрите на финансии на еврозоната.

Според него, процесот на континуирано зајакнување на банките ќе продолжи заедно со дејствувањето на банкарската унија и пазарот мора да се прилагоди на тоа.

– Сметам дека дејствувањето на банкарската унија и нејзиното засилување е од клучно значење и тоа е она што ќе го работиме следните месеци – изјави тој.