Свет Свет Даглас Лут: Нема да има проширување на НАТО во блиска иднина

Даглас Лут: Нема да има проширување на НАТО во блиска иднина

Американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Лут, смета дека нема простор за проширување на НАТО во блиска иднина поради страв дека тоа би ја дестабилизирало Русија, пренесува „Ројтерс“.

Оваа агенција наведува дека такво нешто би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските држави, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора добила покана за членство.

На безбедносен форум во Лондон, тој оценил дека Русија игра важна улога во стратешкото опкружување и дека тоа ќе го закочи проширувањето на НАТО.