Свет Балкан Дачиќ: Не е дека не ме интересира премиерското место, но за тоа...

Дачиќ: Не е дека не ме интересира премиерското место, но за тоа ќе одлучи Вучиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека би излажал кога би рекол дека не го интересира функцијата премиер, но додаде дека за одлуката за тоа кој ќе биде премиер на Србија, ќе ја донесе Александар Вучиќ заедно со Српската наредна партија, по претседателските избори.

Дачиќ повтори дека за тоа сè уште не разговарал со актуелниот премиер, Александар Вучиќ, кој се кандидираше за претседател на државата.

Српскиот министер за внатрешни работи нагласи дека Вучиќ е кандидат на цела владејачка коалиција и ги повика сите да гласаат за него на 2 април, кога е закажан првиот круг на претседателските избори.