Свет Балкан Дачиќ денеска во посета на Косово

Дачиќ денеска во посета на Косово

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска ќе престојува во Косово.

Во соопштението на српското министерство за надворешни работи се вели дека Дачиќ ќе посети објекти од српското културно наследство во Косово и во Метохија кои се под заштита на УНЕСКО.

Посетата тој ќе ја искористи и за разговор со српските свештеници, на кои се верува дека ќе им упати и политичка порака пред парламентарните избори во Србија.