Дописници Црвен крст – Охрид ја одбележува неделата за борба против сидата

Црвен крст – Охрид ја одбележува неделата за борба против сидата

Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за јавно здравје Охрид и „Опција Охрид“ викендов го одбележаа 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, а продолжуваат активностите и за одбележување на неделата за борба против оваа болест.

Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетители на штандот, на околните кафулиња, на минувачите во центарот на Охрид им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето на СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, делеа кондоми, а во амбулантното возило на Црвен крст Охрид се вршеа бесплатни и доверливи тестирања за присуство на ХИВ вирусот во крвта.

Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против СИДА (1-7 декември) со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите, обука на врсници едукатори за ХИВ/СИДА и тестирање за ХИВ статусот кај младата популација.

И оваа година активностите се поддржани од организацијата Canadian for Children at Health Risk од Канада.