Македонија Црвен крст ќе врши дистрибуција на хигиенски средства до најранливите групи граѓани,...

Црвен крст ќе врши дистрибуција на хигиенски средства до најранливите групи граѓани, постари од 60 години

Од денеска Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија, ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита и за домовите за ранливите категории на немоќни лица, од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

„Со овие активности ќе бидат опфатени над 2.000 лица од најранливата група граѓани, на возраст над 60 години од град Скопје, но и од други градови каде Црвен крст работи директно со немоќните и повозрасните лица“, соопштија од Црвен крст.

Донацијата од Државна лотарија е 700.000 денари со што се набавени и подготвени сетови на хигиенски средства: гел за дезинфекција на раце; средство за дезинфицирање на домот; антибактериски влажни марамчиња, како и маски и ракавици за превенција. Исто така, изработен е и се дистрибуира едукативен леток за заштита од КОВИД-19, што ќе се дели со сетовите, но и на терен меѓу најзагрозените категории граѓани кои немаат пристап до интернет и до редовно информирање.