Економија Цената на горивата останува иста и нареднава недела

Цената на горивата останува иста и нареднава недела

(Фото: finance.bigmir)

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за
формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,13 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и малопродажната цена на дизелот, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25 јануари.

Со тоа, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 61 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот изнесува 52 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 41 денари за литар.