Македонија Цистерна со гориво се запали на патот Струмица – Радовиш, пожарот е...

Цистерна со гориво се запали на патот Струмица – Радовиш, пожарот е изгаснат

Пожарот го гаснеа две противпожарни возила и шест пожарникари

Фото: ТППЕ Струмица

На регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци, денес околу 9 часот утринава се запали цистерна која превезувала дизел гориво.

Сообраќајот на овој патен правец утринава беше во прекин.

„ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и шест пожарникари – спасители интервенирала на гасење на запалена цистерна“, пренесуваат од Противпожарникарната служба Струмица.

Фото: ТППЕ Струмица

Пожарот е локализиран и изгаснат по брзата интервенција на Противпожарната единица.