Свет Балкан Ципрас поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА

Ципрас поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА

Потегот на Ципрас следи откако на изборите во неделата освои само 17,84 отсто или 47 пратенички места во грчкиот парламент

Фото: Архива на Мета.мк

По изборниот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа изминатиов викенд, Алексис Ципрас си поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА, пренесува грчкиот весник Катимерини. 

„Се одлучив да се повлечам. Имам верба во човечкиот капитал на нашата партија и во неисцрпливите сили на општеството и Левицата“, рече Ципрас во своето денешно обраќање.

Ципрас ја раководеше СИРИЗА во изминативе 15 години, а пред обраќањето имаше состанок со извршниот комитет на партијата на која се дискутирало за иднината на партијата.

Потегот на Ципрас следи откако на изборите во неделата освои само 17,84 отсто или 47 пратенички места во грчкиот парламент, наспроти владејачката партија Нова Демократија која победи со освоени 40,56 отсто од гласовите или 158 пратеници во грчкиот парламент.