Македонија Чулев го запозна Која со заложбите на МВР за организирање на фер...

Чулев го запозна Која со заложбите на МВР за организирање на фер и демократски избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која.

Од МВР информираат дека на средбата, амбасадорот Која бил запознат со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.

„Чулев побара поддршка од Мисијата на ОБСЕ за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои за прв пат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес. Двајцата соговорници договорија континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на МВР.