Свет Европа Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога

Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога

Заменик-спикерот на Домот на лордовите (Горниот дом) на британскиот парламент си поднел оставка откако бил снимен како, наводно, користи дрога во друштво на проститутки, јавува „Би-Би-Си“.

Снимките до кои дошол таблоидот „Сан“ (The Sun), објавени во неделата, покажуваат како лорд Суел шмрка прав (најверојанто кокаин) од женски гради.

Во писмо до парламентот, тој напишал: „Сакам да се извинам поради болката и срамот што го нанесов“, изразувајќи надеж дека неговата одлука за оставка „ќе ја намали и ќе помогне во поправањето на штетата“.

Според „Би-Би-Си“, полицијата веќе почнала истрага и извршила претреси на имот во центарот на Лондон.

Од лондонската полиција Метрополитен изјавиле дека ги истражуваат „обвинувањата за дела поврзани со дрога во кои е вмешан член на Горниот дом“.