Свет Свет Чиле: Евакуирани 3.000 лица поради ерупција на вулкан

Чиле: Евакуирани 3.000 лица поради ерупција на вулкан

Најмалку 3.000 луѓе денеска се евакуирани од југот на Чиле поради ерупција на вулканот Виљарика, соопшти чилеанскиот центар за итни случаи.

Околу три часот по локално време, властите прогласија тревога и наредија евакуација на околу 3.000 лица што живеат во близина на вулканот.

Виљарика е еден од најатрактивните вулкани во Чиле.