Македонија Чибишев: Соочени со безидејноста, од СДСМ шират невистини

Чибишев: Соочени со безидејноста, од СДСМ шират невистини

СДСМ, соочен со безидејноста и со немањето поддршка за деструктивните политики, повторно се користи со начинот кој единствено го знае, а тоа е ширење невистини, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– ВМРО-ДПМНЕ по стоти пат ќе му одговори дека целокупниот имот, вклучително и зградата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, е стекнат по легален пат, со целокупна документација и во транспарентна постапка, во согласност со законските нормативи во Република Македонија – рече Чибишев.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој, е изградено со јавно-приватно партнерство за кое беше распишан оглас.

– Целокупната изградба на овој објект беше на товар на инвеститорот кој имаше обврска да отстапи најмалку 30 отсто од вкупната развиена бруто-површина. Овде нема ништо скандалозно или незаконски, колку и да сака Шилегов нешто да фабрикува – рече Чибишев.