Свет Четворица загинати во експлозија на бомба во Индија

Четворица загинати во експлозија на бомба во Индија

Најмалку четири лица загинаа во експлозија на бомба во индиската сојузна држава Западен Бенгал.

Во експлозијата во село на околу 360 километри северно од Калкута, во близина на границата со Бангладеш, повредени се шест луѓе.

Управникот на полицијата во Западен Бенгал, Ануж Шарма, изјави дека засега никој не е уапсен.

Во Западен Бенгал в четврток треба да се одржи последниот круг од локалните избори. Во тој дел на Индија членовите на некои од партиите поставуваат рачно направени бомби за да ги заплашат гласачите пред гласањето.