Македонија Четиригодишно дете со нилска треска примено на Клиниката за детски болести

Четиригодишно дете со нилска треска примено на Клиниката за детски болести

Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на западнонилска треска било примено на Клиниката за детски болести.

Од Клиниката велат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица. Вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сè уште е хоспитализирано на клиниката.

Ова е прв случај на западнонилска треска годинава во Македонија. Претходно во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи од ова заразно заболување.

Болеста ја пренесуваат обични комарци. Комарците се заразуваат од птиците преселници, но и од гавраните и од чавките.